Connect with us

Милан прашува колку чини Елиф Елмас

Новиот италијански првак Милан сериозно влегува во трката за ангажман на Елиф Елмас. Македонскиот репрезентативец е една од желбите на тренерот Стефано Пиоли за засилување на средниот ред на „росонерите“ за новата сезона и настапот во Лигата на шампионите.


Елиф Елмас има договор со Наполи до 2025 година, а Милан побарал официјален одговор од клубот од Неапол колкава е отштетата за неговиот евентуален трансфер.


Наполи плати 16 милиони евра за трансферот на Елмас од Фенербахче, а се очекува клубот од Неапол сега да побара околу 40 милиони евра за да дозволи Македонецот да замине во Милан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови