Connect with us

Милан го продава Анте Ребиќ за да го доведе Хаким Зијеч

Хрватскиот интернационалец Анте Ребиќ, кој дојде во Милан во летото 2019 година, е на излезна врата од „Сан Сиро“. Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Милан е подготвен да го продаде 29-годишниот напаѓач за да направи простор за ново засилување.


Годинава Ребиќ постигна три гола и забележа две асистенции на 14 настапи за Милан во сите натпреварувања, а „Газета“ наведува дека клубот многу повеќе се грижи за неговото здравје со оглед дека Ребиќ често отсуствува од терените поради повреди.

Главната причина поради која Ребиќ е на излезната врата на Милан е желбата на италијанскиот великан да го доведе Хаким Зијеч од Челси. Амглискиот клуб нема ништо против да го продаде или испрати мароканскиот репрезентативец на позајмица, но за Милан е проблем неговата плата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови