Connect with us

Меси кога ќе ја заврши кариерата сака да биде – секретар на Барселона

Заминувањето на Лионел Меси се уште е шок за фановите на Барселона, а тој откри дека никој не му понудил опција да игра бесплатно и дека еден ден сака да се врати на „Камп Ноу“. Сака да биде технички секретар на клубот.


„Без проблем се договорив да ми се намали платата за 50 проценти. Точно е дека дадов се за да останам и никогаш не побараа да играм бесплатно. Ме замолија да ја намалам платата за 50 отсто и јас се согласив без никаков проблем. Бевме во позиција да му помогнеме на клубот. Зборовите на претседателот се неосновани. Тоа ги тера луѓето да размислуваат или да се сомневаат, а јас мислам дека не го заслужувам тоа“, изјави Меси.

Генијалниот фудбалер изјави дека еден ден сака да се врати во Барселона, каде е подготвен да работи како технички секретар.

„Не знам кога, можеби кога ќе ми заврши договорот со ПСЖ, но сигурно е дека повторно ќе живеам во Барселона и дека нашиот живот ќе биде таму. Мојата сопруга го сака тоа, како и јас, целото моето семејство. Секогаш сум велел дека сум подготвен да му помогнам на клубот, дека ќе бидам корисен и добар за клубот. Би сакал еден ден да бидам технички секретар, не знам дали тоа ќе биде во Барселона. Ако се укаже можност сакам повторно да учествувам во клубот бидејќи тоа е клубот што го сакам, би сакал Барселона да напредува и да продолжи да биде еден од најдобрите клубови во светот“, изјави Меси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови