Одамна е јасно дека е само прашање на време кога ќе биде објавен трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид. Сепак, Французинот веќе се подготвува за живот во шпанската престолнина.
По неколкумесечна потрага, тој конечно избрал куќа за живеење, тврдат шпанските медиуми.
Куриозитет е што е во сопственост на неговиот поранешен соиграч од ПСЖ, Серхио Рамос, кој најдобрите години од кариерата ги помина токму во Реал Мадрид.
Познавачите велат дека зделката ќе биде вредна 18 милиони евра, а замокот се наоѓа во областа Ла Моралеја. Очигледно, куќата е наменета за живеење на играчите на „кралскиот клуб“ бидејќи Серхио Рамос ја купи вилата од Роналдо Назарио де Лима пред години. Исто така, се тврди дека зделката ќе се одвива без посредници – договорот ќе биде склучен директно меѓу братот на Рамос и мајката на Мбапе.
🚨 BREAKING: Kylian Mbappé is finalizing the purchase of Sergio Ramos' former mansion in Madrid for €18M. @voz_populi 🏡 pic.twitter.com/5IUWnSRDkY
— Madrid Zone (@theMadridZone) May 2, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal