Connect with us

Мбапе го повтори рекордот на Жист Фонтен

Француската ѕвезда Килијан Мбапе блесна во полн сјај за националниот тим на мечот против Казахстан во неверојатниот триумф од 8-0. Тој постигна четири гола на овој меч, а хет – трик комплетираше за само 25 минути во првото полувреме.

Единствен француски играч на кого тоа му успеало е легендарниот стрелец Жист Фонтен пред цели 63 години. Тој даде четири гола на мечот против Западна Германија во јуни 1958 година.

“Оваа убедлива победа е плод на фантастичната атмосфера во националниот тим”, изјави Мбапе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови