Connect with us

Матеус го брани Рибери: Зошто да не игра пак за Баерн, јас играв на 39 години

Поранешниот играч на Баерн и Германија, Лотар Матеус, смета дека баварскиот клуб треба да го врати 38-годишниот фудбалер од средниот ред, Франк Рибери.


„Ако Баерн не го најде крилниот напаѓач што го сака, дефинитивно би размислил да потпишам едногодишен договор со Франк Рибери. Играв и јас за Баерн кога имав 39 години. Јасно е дека нема да може да игра два натпревари од 90 минути неделно. Но, Франк сé уште е во форма, тоа исто така би било голем плус за соблекувалната. Тој одигра 29 натпревари во Серија А и сé уште може да игра добро во Бундес – лигата. Навивачите на Баерн би сакале да го видат Франк во дресот на клубот“, напиша Матеус во колумна за „Скај“.

На враќањето на Франк Рибери во Баерн Минхен, најмногу се спротивставува спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови