Connect with us

Матеј Цветаноски претставен како ново засилување на Ѓирмот

Крилниот напаѓач на Шкупи, Матеј Цветаноски, и дефинитивно ја продолжува кариерата во Унгарија. Тој е претставен како ново засилување за унгарскиот прволигаш Ѓирмот.

Цветаноски треба да помогне во мисијата за Ѓирмот да обезбеди опстанок во елитата. По првиот дел од сезоната, тоа е последнопласираниот тим на табелата во првенството на Унгарија.

Ова е негов прв интернационален предизвик. Во Македонија тој настапуваше за Шкупи, Вардар, Пелистер и за Македонија ЃП.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови