Connect with us

Манчестер Сити го мерка Бакајо Сака

Манчестер Сити будно ја следи ситуацијата околу Бaкајо Сака. Крилниот напаѓач има договор со Арсенал уште две години, но преговорите за негово обновување веќе извесно време се во застој и двете страни не успеваат да се договорат. Токму поради оваа причина, на „Итихад“ следат каков ќе биде развојот на случувањата.


Доколку до зима англискиот репрезентативец не се договори со „топчиите“, тогаш Манчестер Сити ќе тргне во конкретна офанзива за ангажман на Бакајо Сака.


На Пеп Гвардиола многу му се допаѓаат квалитетите на фудбалерот и верува дека би можел добро да се вклопи во играта на својот тим, а англискиот шампион сака да има што е можно повеќе Англичани во составот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови