Connect with us

Манчестер Сити е подготвен да плати 120 милиони фунти за Џамал Мусијала

Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал ​​Мусијала, е голема трансферна желба на англискиот шампион Манчестер Сити, тврдат медиумите на Островот.


Баерн за него бара 120 милиони фунти, цена што Сити е подготвен да ја плати. Ова би било рекорд за тимот од Манчестер, бидејќи сумата е многу поголема од онаа што беше платена за Џек Грилиш.

Тогаш „граѓаните“ се разделија со 100 милиони фунти, со што Грилиш стана најскапиот фудбалер во Англија.

Мусијала е производ на академијата на Челси, но во Баерн замина летото 2019 година. Оттогаш, тој има 151 натпревар и 43 гола за Баварците, додавајќи и 30 асистенции.

Неговиот договор со Баерн Минхен е до летото 2026 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови