
Манчестер Јунајтед одлучи да го продолжи договорот со крилниот напаѓач Мејсон Гринвуд. 22-годишниот фудбалер моментно е на позајмица во Хетафе, каде ја оживеа кариерата и го привлече вниманието на неколку европски гиганти. Токму поради ова, клубот од „Олд Трафорд“ одлучи да ја активира клаузулата во неговиот договор за автоматско продолжување за една година, пренесува „ЕСПН“.
И покрај одличните настапи на Гринвуд во Хетафе, во оваа фаза тешко дека ќе се врати и ќе добие нова шанса во Манчестер Јунајтед. Наместо тоа, „црвените ѓаволи“ сакаат да го врзат на подолг период, односно до 2026 година, за на лето да го продадат за повисока цена.
Јунајтед се надева дека ќе земе помеѓу 30 и 40 милиони фунти за правата на 22-годишниот фудбалер. Интерес за него има од Јувентус, кој, сепак, тешко дека ќе плати таква сума.
Сепак, Јуве би можел да биде подготвен да тргува, испраќајќи го Глејсон Бремер во насока на „Олд Трафорд“, а земајќи го Гринвуд плус одредена доплата.
Младиот англиски талент има и други опции за продолжување на кариерата во Шпанија. За него се вели дека го следат и Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 ремизираше (2-2) против Унгарија

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
