Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед донесе одлука околу иднината на Давид де Хеа. Раководството на клубот и менаџерот Оле Гунар Солскјер се решени да го продадат шпанскиот голман откако Дин Хендерсон докажа дека може да биде стандарден чувар на мрежата на „црвените ѓаволи“. Но, тука ќе настане проблемот.
Де Хеа нема да се сложи да седи на клупата, а од друга страна би бил екстремно скап на таков начин за Манчестер Јунајтед. Тој годишно заработува околу 20 милиони евра.
Сега треба да се изнајде решение за негово заминување од „Олд Трафорд“ со оглед дека има уште две и пол години од актуелниот договор. Англиските медиуми најавуваат дека планот на Манчестер Јунајтед е да му исплати една сезона однапред доколку тој се согласи на спогодбен раскин на договорот. Потоа би следела негова продажба најверојатно во Пари Сен Жермен.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski