Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА 13.КОЛО ВО ВТОРИТЕ ЛИГИ !

13.коло се покажа „малерозно“ за Тиквеш и за Гостивар. Профитираа Брегалница и ФК Скопје, а главното изненаување го направи тимот на Кит Го кој го совлада фаворизираниот кавадаречки состав на гости со убедливи 1-4. По ова, тренерот Раде Цицмиловиќ поднесе оставка, а Брегалница побегна пет чекори напред.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 13.коло во вторите лиги.

1. НУХИ ЈОНУЗ (ВЕЛЕШТА) 
Беше одличен на голот, спречи неколку сериозни закани од фудбалерите на Гостивар.   

2. АНТОНИО МИТРЕВ (БРЕГАЛНИЦА)
Тој е доминантен во одбраната на Брегалница која успеа да оствари важен триумф на гости против Осогово.

3. АРСИМ ЉАМАЛАРИ (ФК СКОПЈЕ)
Одигра квалитетен натпревар, а неговиот тим дојде до значајна победа и извлече двоен профит.  

4. АЛПАЈ ЈУСУФ (КИТ ГО)
Тој е олраунд, може да игра на речиси секоја позиција, постигна и погодок во сензационалната победа над Тиквеш.

5. ЉУПЧЕ КУДЕВ (БРЕГАЛНИЦА)
Младоста носи желба, агресивност, а Кудев има неверојатна леснотија во играта и веќе стекната рутина. Беше и стрелец во Кочани.

6. ВЛАДИМИР ЖОГЛЕВ (ФК СКОПЈЕ) 
Кога имате играч за врска кој редовно е стрелец, тогаш работите во тимот стануваат многу полесни. 

7. КРИСТИЈАН АЦКОВСКИ (БРЕГАЛНИЦА)
Одигра одличен натпревар, веднаш возврати на голот на противникот и ја врати Брегалница во игра за триумф во Кочани.

8. ИЗЕТ АЈРУЛАХУ (ФК СКОПЈЕ) 
Офанзивно квалитетен, секогаш има решение за да го надмудри противникот, беше стрелец на дуелот против Охрид Лихнидос. 

9. ДАРКО АЛЕКСОВСКИ (КИТ ГО)
Дитигираше со играта на Кит Го во импресивниот настап против Тиквеш. Постигна гол и беше еден од најзабалажителните на теренот.

10. БОШКО СТУПИЌ (КИТ ГО)
Кога го имате искусниот Ступиќ во навалната линија знаете дека тој секогаш ќе си ја заврши работата и ќе реализира и при најмала шанса. 

11. ИГОР КЛЕЧКАРОСКИ (ВЕЛЕШТА)
Кога нема да погоди Алтин Лога, тука е Игор Клечкароски. Велешта игра одличен фудбал, а успеа да го потопи и Гостивар на домашен терен.

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЕМИЛ ГРНЕВ
Го подготви тимот на Кит Го фантастично за дуелот со фаворизираниот состав на Тиквеш. Цврста одбрана, згуснат среден ред и веднаш брза транзиција за да се загрози противничкиот гол. Фудбалерите на Тиквеш немаа решение, а Кит Го славеше убедлив триумф.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови