Connect with us

МАКФУДБАЛ – НАЈДОБАР ИГРАЧ НА 26.КОЛО: ВИСАР МУСЛИУ (ШКЕНДИЈА)

Шкендија ја зголеми предноста на врвот на табелата во Првата лига, откако во дербито на колото го совлада тимот на Академија Пандев со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше репрезентативецот Висар Муслиу во 30.минута.

Тој одлично ја изврши стандардната задача во одбраната, а успеа и да се придодаде во нападот и со погодок да го реши дуелот. Во изборот на МАКФУДБАЛ, тој е најдобриот играч на 26.коло во Првата фудбалска лига. 

„Најважно е што Шкендија продолжи во победнички стил и во Струмица. Одигравме квалитетен натпревар, а среќен сум што со мојот погодок го решив дуелот. Мојата задача најчесто е во дефанзивата, но фудбалот се игра за голови и секој сака да ги постигнува. Ете и јас и Егзон Бејтулаи се вклучивме како стгрелци на последните натпревари. Шкендија влезе во посакуваниот ритам и се надеваме дека во ист стил ќе продолжиме и на наредните мечеви“, изјави Висар Муслиу.      
   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови