Засилување за титула. Сандеј Адетунџи е првиот странец кој успеа да ја освои престижната титула за најдобар голгетер во Првата фудбалска лига. Погодуваше кога беше најпотребно, носеше победи, а Шкупи освојуваше бодови со кои на крајот ја оствари целта – освојување на шампионскиот пехар.
Брз и незадржлив за противниците, снаодлив во шеснаесетникот, мирен и фокусиран кога е најпотребно. Постигна 20 гола оваа сезона и даде огромен придонес за шампионската титула на Шкупи.
Сандеј Адетунџи е избран за МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА во Првата фудбалска лига на Македонија. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА СЕЗОНАТА 2021/22.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski