Connect with us

Македонија У21 загуби од Црна Гора

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Црна Гора со 3-2 на гостински терен, во четвртиот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2027. Ова е трет пораз за избраниците на селекторот Горан Станиќ, кои досега имаат и една победа.

Македонија поведе во 13. минута преку Анес Мелиќи, но домаќините направија пресврт во второто полувреме. Владимир Перишиќ израмни во 56. минута, а Медо Јуковиќ донесе водство за Црна Гора во 68.

Балша Мрваљевиќ со погодок во 73. минута донесе и 3-1 за Црногорците, додека Димитар Трајков успеа да намали на 3-2 во судиското продолжение, во 91. минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови