Connect with us

Македонија У17 со импресивна победа (9-0) над Гибралтар се избори за втора фаза од квалификациите за ЕП

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години оствари импресивна победа од 9-0 против Гибралтар, со што обезбеди пласман во втората фаза од квалификациите за Европското првенство (ЕП). Дополнителна радост донесе и Чешка, која со триумф од 7-1 над Унгарија ѝ помогна на Македонија да се најде меѓу најдобрите второпласирани селекции.

Пред денешните натпревари постоеја различни калкулации за тоа како Македонија може да се пласира понатаму, а една од нив беше висока победа против Гибралтар – и токму тоа го реализираа нашите млади репрезентативци, кои уште во првото полувреме со четири погодоци го најавија убедливиот триумф.

Папалиски во 23. минута го отвори резултатот за 1-0, потоа Љачка и Михајловски зголемија на 3-0, а Папалиски со својот втор гол го постави резултатот на 4-0 до крајот на првото полувреме.

Во вториот дел, Македонија продолжи во ист стил – Папалиски го комплетира хет-трикот, а меѓу стрелците се запишаа и Цветковски, Џангаровски (двапати) и Мамути.

Со овој убедлив триумф, Македонија го освои второто место во групата, веднаш пред Унгарија, која имаше полоша гол-разлика од нашите момци.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови