Connect with us

Македонија падна три позиции на листата на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија бележи пад од три позиции на најновата ранкинг листа на ФИФА. Сега националниот тим се наоѓа на 68.позиција, а 2023 година ја заврши на 65.место.


Ова се должи на раздвижувањето во ранкингот на селекциите надвор од Европа кои беа многу поактивни во овој период, со одржувањето на Африканскиот куп на нации и на Азискиот куп.

На врвот на ФИФА листата нема промени. Најдоброрангирана светска селекција е Аргентина, пред Франција, Англија, Белгија и пред Бразил.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови