Connect with us

Луис Суарез потпишува за Ривер Плата

Луис Суарез иако има 35 години, и понатаму привлекува големо внимание од клубовите откако ја прекина соработката со Атлетико Мадрид. Уругваецот ќе се обиде да ја најде вистинската средина во која ќе ја усоврши формата за Светското првенство во Катар на крајот од годината. Тој треба да стане нов член на Ривер Плата, а официјалната потврда би можела да пристигне уште денеска.

Гигантот од Буенос Аирес сака замена за Хулијан Алварез кој замина во Манчестер Сити, а освен фудбалската класа која не е спорна, „Ел Пистолеро“ би било најзвучното име кое би ги разгалувало сите фанови на „милионерите“.

Во овој потег Суарез се увери од легендарниот Енцо Франческоли, сонародник и човек кој остави длабока трага играјќи за Ривер.

Според аргентинските медиуми, годишната плата на Суарез ќе изнесува 4.600.000 евра, а засега нема детали околу времетраењето на договорот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови