Connect with us

ЛШ: Баерн е институција за ПСЖ, а Милан е “голем” за Тотенхем (ВИДЕО)

Баерн Минхен се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако го совлада ПСЖ и на реваншот на “Алијанц арена” со 2-0. Германската машина го сомле тимот на Кристоф Галтие и го победи реваншот во Минхен.

Ерик Максим Чупо Мотинг во 61.минута го отвори резултатот, а Серж Гнабри го потврди триумфот во 90. минута.

Милан одолеа на гостувањето во Лондон против Тотенхем и одигра 0-0. Тоа беше доволно за пласман во четвртфиналето со оглед на минималниот триумф од 1-0 во Милано. Тотенхем во 77.минута остана и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Кристијан Ромеро, па тоа беше уште еден хендикеп за тимот на Антонио Конте.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови