Connect with us

Ливерпул го прави Салах најплатен фудбалер во клупската историја

Ливерпул ќе го направи Мохамед Салах најплатен фудбалер во историјата на клубот, доколку египетскиот фудбалер одлучи да го продолжи договорот и да остане долго на „Енфилд Роуд“. Тој во моментот заработува 200.000 фунти неделно, а клубот му нуди нова соработка за четири сезони со зголемени примања на 230.000 фунти седмично.


Актуелниот договор на 29-годишниот напаѓач истекува во 2023 година. Во моментов најголема плата на „Енфилд“ има Холанѓанецот Вирџил Ван Дајк, кој добива 220.000 фунти.


Мохамед Салах на 204 натпревари во дресот на „црвените“ има постигнато 126 гола и 49 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови