Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез, во текот на денешниот ден ќе има втора операција на скршената метатарзална коска на десното стапало, откако доживеа неуспех при враќањето од повредата.
Манчестер Јунајтед во петокот откри дека Мартинез ќе биде надвор од терените до три месеци поради повторување на проблемот што го оддалечи и на крајот од минатата сезона.
Аргентинецот ќе има дополнителна операција во обид еднаш засекогаш да го излечи проблемот.
Мартинез ја претрпе првичната повреда на натпреварот од Лигата на Европа против Севилја во април и беше надвор од терените 11 недели. Тој се врати на почетокот на подготвителната сезона во обид да се вклопи пред турнејата низ Америка, а потоа и за првите четири натпревари во Премиер – лигата.
Сепак, тој имаше болки во истото стапало при поразот од Арсенал минатиот месец и беше принуден да се повлече во вториот дел од натпреварот на „Емирати“.
Се претпоставува дека Мартинез земал лекови против болки за да игра на следните натпревари против Брајтон и Баерн, а дополнителните тестови во четвртокот покажаа дека скршеницата не е заздравена правилно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













