
Ливерпул направи уште еден значаен чекор кон освојување на титулата во англиската Премиер – лига, откако во 33. коло триумфираше на гостувањето кај Лестер со минимални 0-1.
Избраниците на Арне Слот имаа иницијатива и целосна теренска надмоќ во текот на целиот натпревар, но долго време не успеваа да ја реализираат предноста. Клучниот момент се случи во 76. минута, кога Трент Александер-Арнолд со прецизен удар ја затресе мрежата на домаќините и го постави конечниот резултат.
Ливерпул беше убедливо подобар противник, а Лестер со овој пораз и дефинитивно испадна од елитата и следната сезона ќе игра во Чемпионшип.
Во следното коло Ливерпул го пречекува Тотенхем, а со евентуална победа ќе ја обезбеди шампионската титула четири кола пред крајот на сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Забарњи и Бералдо донесоа победа за ПСЖ

Евро-фудбал
Палиња го извлече Тотенхем од пораз (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со три бода се враќа од Сардинија (ВИДЕО)
