Connect with us

Легендарниот Раул Гарсија става крај на кариерата

Фудбалерот на Атлетик Билбао, Раул Гарсија, на крајот од сезоната ќе стави крај на својата играчка кариера.

Познатиот шпански фудбалер најави дека на крајот на една од најубавите сезони во поновата историја на Билбао, во која после 40-годишен пост беше освоен трофејот во Копа дел Реј, ќе ги закачи копачките и ќе стави крај на кариерата.

Само двајца фудбалери во историјата на Ла Лига одиграле повеќе натпревари од него и тоа Андони Зубизарета и Хоакин со 622 натпревари. Раул Гарсија има 20 помалку и нема да може да ги стигне.

За сениорската репрезентација на Шпанија одигра само два натпревари, а во текот на кариерата ги носеше дресовите на Осасуна, Атлетико Мадрид и сега на Атлетик Билбао.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови