Connect with us

ЛЕ: Аталанта го елиминира Ливерпул, Рома и Баер Леверкузен во полуфиналето (ВИДЕО)

Италијанскиот калчолигаш Аталанта приреди сензација и го елиминира Ливерпул, благодарејќи на триумфот на „Енфилд“ со 0-3. Вечерва во Бергамо, Ливерпул победи со 0-1, но недоволно за да ја анулира големата негатива. Мохамед Салах од пенал погоди во седмата минута, но тимот на Јирген Клоп двомечот го загуби на домашен терен пред седум дена.

Рома и на „Олимпико“ го победи Милан со 2-1, откако славеше и на „Сан Сиро“ со 0-1. Манчини повторно беше стрелец, погоди во 12.минута, а десет минути подоцна се надоврза и Пауло Дибала со втор гол.

Зеки Челик доби црвен картон во 31.минута, Рома остана со фудбалер помалку, но Милан успеа само да намали преку Матео Габија во 85.минута.

Баер Леверкузен ја продолжува бајката и во Лига Европа, пласирајќи се во полуфиналето. Германскиот тим одигра 1-1 на гости кај Вест Хем и ги задржа двата гола предност од првиот меч.

Мајкл Антонио во 13.минуте донесе водство за Вест Хем, но израмни Џереми Фримпонг во 89.минута од дуелот.

Олимпик Марсеј и Бенфика играат продолженија, откако францускиот тим во регуларниот дел победи со 1-0, со голот на Фарис Мумбања и ја анулира негативата (1-2) од првиот меч во Лисабон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови