Connect with us

Клоп: Зошто би станале шампиони со ваква игра?

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, како главни причини за неуспехот против Кристал Палас (0-1) ги посочи многуте грешки и неубедливиот настап на неговиот тим во првото полувреме. Поразот во натпреварот од 33. коло на Премиер – лигата е удар за амбициите на „црвените“ да ја освојат титулата.


„Зошто да станеме шампиони со оваа игра од првото полувреме? Сакавме да реагираме по претходниот натпревар. И имаше реакција од нас, но не каква што сакавме. Не бевме убедливи во тоа што го правевме. Голот што го примивме беше по ужасна грешка. Чувството е лошо, ми треба време да го прифатам тоа што се случи“, изјави Клоп.

„Генерално, сепак, не бевме толку убедливи. Не бевме одлични, стана тежок натпревар за нас. Кристал Палас влезе во многу ситуации кога трчавме во погрешна насока“, разочаран е менаџерот на Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови