Connect with us

Клоп: На двата меча со Бенфика се заљубив во Дарвин Нуњез

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не крие дека е многу среќен што го има Дарвин Нуњез од Бенфика во својот тим. Тој призна дека му биле доволни два меча, за да биде јасно дека сака да го земе во тимот агресивниот Јужноамериканец.


Пролетва двете екипи се сретнаа во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Првиот меч во Лисабон го доби Ливерпул со 1-3, а реваншот заврши 3-3. Дарвин Нуњез постигна по еден гол на двата натпревари.

„Тој многу не импресионираше со своите настапи. Кога се подготвувате за мечот со Бенфика, треба да знаете сè за противникот – до големината на копачките на играчите. Така ја разбравме подобро и за квалитетите на Дарвин. Не бевме сигурни дали ќе игра на првиот меч, бидејќи токму тогаш се врати од настапите со репрезентацијата. Сепак, истрча на теренот. Знаев дека е многу добар, но кога ќе го видите како игра во живо, навистина е импресивно. Сила, во комбинација со техника, желба, агресија, паметни потези – ни создаде многу проблеми. И за овие два меча едноставно се заљубив во него. Кога сфативме дека имаме добри шанси за негов трансфер, стиснав до крај на педалата за гас. Многу сме среќни што е сега тука“, објасни менаџерот на Ливерпул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови