Лацио обезбеди минимална предност од 1-0 по првиот дуел од двомечот против Клуж во нокаут фазата од Конференциската лига на УЕФА. И покрај тоа што италијанскиот тим играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Патрик, славеше со голот на Чиро Имобиле во последните мигови од првото полувреме.
АЕК Ларнака исто така обезбеди еден гол предност (1-0) против Днипро. Иван Тричковски играше до 65.минута, а стрелец на голот беше Анхел Гарсија во 84.минута.
Партизан со 0-1 победи на гости кај Шериф Тираспол, со голот на Рикардо Гомеш во 45.минута, а и Лудогорец славеше со 1-0 против Андерлехт.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski