Connect with us

КЛ: Фиорентина со пораз во полуфинале, АЗ Алкмар преку пенали (ВИДЕО)

Фиорентина и АЗ Алкмар се првите два полуфиналисти пласман во Конференциската лига на УЕФА. Италијанскиот тим загуби од Лех Познањ со 2-3, но имаше убедлива предност (1-4) од првиот натпревар во Полска.

Лех Познањ поведе со 0-3 на „Артемио Франки“, а Фиорентина дури потоа се разбуди и постигна два гола за конечни 6-4. 

Соуса, Велдех од пенал и Собјех беа стрелци на головите за Лех, а потоа погодија Сотил и Кастровили за Фиорентина.

АЗ Алкмар по изведување пенали го елиминира Андерлехт (4-1), откако во регуларниот тек победи со 2-0, идентично како и ривалот во Белгија. Двоен стрелец беше Павлидис, а потоа при пеналите фудбалерите на АЗ Алкмар беа многу посмирени и попрецизни.

    

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови