Македонскиот второлигаш Кит Го ја одработува почетната фаза од подготовките за новата сезона во Втората лига – Исток. Тимот на Емил Грнев првиот период од подготовките го минува во Штип, а од 14. јули следи втората фаза во својата база во Пехчево каде ќе бидат одиграни и пријателски натпревари.
„Подготовките течат во најдобар ред. Огромна е желбата кај играчите за докажување уште од самиот старт на подготовките, што носи дополнителен ентузијазам кај сите нас“ – вели тренерот Емил Грнев.
Во составот е приклучен и младинскиот репрезентативец Јонуз Рушту кој пристигна од редовите на Работнички. Првиот пријателски натпревар ќе биде против Слога Виница на 24. јули, а потоа ќе следат и тест дуелите со Осогово, Трајал Крушевац и Детонит. Генералката пред стартот на сезоната е закажана за 14. август против Беласица.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski