Гостивар детонираше „трансфер-бомба“ на второлигашкиот пазар откако овој клуб успеа да го договори доаѓањето на Христијан Кировски. Одличниот голтетер ланската сезона го носеше дресот на Струга Трим Лум, претходно ги бранеше боите на уште неколку прволигаши, но летово го прифати предизвикот – да се пресели во Втората лига и да му помогне на Гостивар во борбата за влез во елитното друштво.
„Среќен сум што сум овде. Добро се запознав со стручниот штаб, со условите што ги нуди клубот и се чувствувам добро. Ќе работам напорно и ќе дадам се од себе за овој тим. Им благодарам на челниците на Гостивар за укажаната доверба, слушам дека навивачите на овој клуб се извонредни. Со нивната поддршка ќе се адаптирам уште побрзо и ќе помогнам да ја оствариме зацртаната цел – пласман во Првата лига“, изјави Кировски по потписот на договорот со гостиварци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Нејмар ќе потпише нов договор со Сантос
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













