Шкупи доби европска лекција од Санта Клара, загуби со 0-3, а тренерот Гоце Седлоски не се одважи да се појави на задолжителната прес – конференција. Несфатливо, но во Шкупи има екстремни ситуации при победи и при порази.
Кога се победува, тогаш имa еуфорија, а кога ќе се загуби – летаат и глави. Ќе „преживее“ ли Седлоски по овој убедлив пораз од Санта Клара?!
За разлика од него, тренерот на гостите, Даниел Рамос, истакна дека повеќе очекувал од Шкупи.
„Среќни сме, остваривме голема победа. Им честитам на фудбалерите за изданието, но им напоменав дека очекувам подеднакво одговорно да одиграат и во реваншот. Обезбедивме голема предност, но има и реванш. Можеби повеќе очекувавме од Шкупи како ривал, но нема да ги потцениме ниту во реваншот“, изјави тренерот на Санта Клара.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski