Connect with us

Кавани оди на позајмица во Барселона?

Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани би можел во последниот ден од летниот преоден рок да го напушти Манчестер Јунајтед и да замине на позајмица во Барселона. Тренерот на каталонскиот клуб Роналд Куман бара уште еден квалитетен напаѓач откако шокантно остана без Лионел Меси кој не можеше да биде регистриран и потоа експресно потпиша за Пари Сен Жермен.

Мемфис Депај е единственото решение засега на Куман во навалната линија, иако тука е и Мартин Брајтвајт, а Ансу Фати тукушто се врати на тренинзите по долгата пауза и двете операции. Серхио Агуеро ќе паузира три месеци, па затоа Барселона се обидува да доведе квалитетен напаѓач.

Клубот од „Камп Ноу“ испрати барање за позајмица до Атлетико Мадрид за Жоао Феликс и за Единсон Кавани до Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови