Connect with us

Катарците пристигнаа во обиколка и на преговори на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Делегацијата на Катарците, кои се фаворити за купување на Манчестер Јунајтед, утрово пристигна на Олд Трафорд, објавија англиските медиуми. Во неа беа вклучени Шахад Шабаз, кој е претседател на фондацијата Шеик Јасим Бин Хамад Ал Тани, Фади Бахос, клучен советник на шеикот, и Сем Пауерс и Јасин Шах од Банката на Америка. Милијардерот не беше дел од делегацијата, туку само негови претставници, како што се очекуваше однапред.


Катарците претпладнето пристигнаа на „Олд Трафорд“, каде добија обиколка на стадионот и презентации од дел од шефовите на тимот, по што ја посетија и клупската база „Керингтон“.

Англиските медиуми информираат дека разговорите меѓу двете страни се одвивале во многу конструктивен тон, а двете страни се позитивни по денешните разговори.

Утре на ред е англискиот милијардер Сер Џим Ретклиф, кој се очекува лично да пристигне заедно со неговите партнери во хемискиот гигант „Инеос“, Енди Кари и Џон Рис, како и шефот на спортскиот оддел на компанијата, Сер Дејв Брејлсфорд.

Барањето на Британецот е да изгради модерен фудбалски клуб, во чија основа се навивачите.
Во наредните денови ќе се разговара и со други потенцијални инвеститори, по што американската инвестициска банка „Reign“ ќе ги покани потенцијалните купувачи да дадат втора понуда за купување на Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови