Connect with us

Катарците официјално доставија понуда за Манчестер Јунајтед

Конзорциумот предводен од шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани, претседател на Катарската Исламска банка (QIB), во петокот објави дека поднел понуда за купување на 100% од акциите на Манчестер Јунајтед.


„Шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани го потврди поднесувањето на понуда за стекнување на 100% акции од фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед“, се вели во соопштението. „Понудата е насочена за враќање на клубот кон поранешната слава“, се вели во соопштението на катарскиот конзорциум.

Во соопштението не се дадени детали за сумата предложена во понудата за клубот, но според извештаите цената може да достигне рекордни 6 милијарди евра.

Во моментов единствена официјална конкуренција на катарскиот конзорциум е понудата на најбогатиот Британец, сер Џим Ретклиф, кој пред неколку недели исто така објави дека влегува во борба за акциите на семејството Глејзер.

Краен рок за доставување понуди беше вчерашниот ден.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови