Капитенот на Саутемптон и еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Премиер – лигата, Џејмс Ворд-Праус, ја потврди својата лојалност кон клубот и потпиша нов петгодишен договор.
26-годишниот играч за врска го помина целиот фудбалски живот во Саутемптон. Тој дојде на само осум години и ги помина сите помлади селекции пред да игра за првиот тим на само 16 години. Тој е дел од клубот вкупно 18 години. Досега собра 323 официјални натпревари за првиот тим и постигна 33 гола.
„Мислам дека сум веројатно најсреќниот човек на светот во моментов. Неверојатно сум горд што продолжуваме заедно, мислам дека можам да му дадам многу повеќе на клубот, исто како што и клубот ми даде мене “, изјави Џејмс Вард-Праус по потпишувањето на новиот петгодишен договор.
Саутемптон в недела ќе го пречека Манчестер Јунајтед во второто коло од Премиер – лигата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski