Connect with us

Кан: Тухел е последната личност што треба да сноси одговорност за сегашноста на Баерн

Директорот на германскиот гигант Баерн Минхен, Оливер Кан, по новиот пораз во Бундес-лигата изјави дека сите во клубот мора да се запрашаат за постапките од оваа сезона.


Одамна не се памети полоша сезона за Баерн од сегашната. Баварците се непрепознатливи и покрај квалитетниот состав што го имаат, но очигледно коцките не се правилно распоредени.


Џулијан Нагелсман доби отказ иако собра само три порази во текот на сезоната. Тој го напушти тимот пред четвртфиналето на Лигата на шампионите, на врвот во Бундес – лигата и во четвртфиналето на Купот. Сега се елиминирани од двете нокаут натпреварувања, додека лидер во првенството е Борусија Дортмунд.


Сепак, Оливер Кан смета дека последниот за кој треба да се разговара е новиот тренер Томас Тухел.


„Томас Тухел е последната личност за која треба да зборуваме. Тој прави сѐ за да го извлече најдоброто од момците. Нема да поднесам оставка. Мојата единствена цел е да ја земам титулата на крајот од сезоната, а потоа сериозно да нападнам следната година“, изјави Оливер Кан.


Од 2017 година Баерн сменил пет тренери, не сметајќи го Вили Сањол кој накратко беше на таа позиција. Претходно, за седум години (2009-2016) имаа само тројца тренери, Луј ван Гал, Јуп Хејнкес и Пеп Гвардиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови