Connect with us

Јувентус има план за следното лето: Гризман, Асенсио и Пулишиќ да дојдат во Торино

Италијанскиот калчолигаш Јувентус објави огромна загуба за минатата сезона и повторно ќе мора повеќе да се посвети на слободни играчи на трансфер маркетот и следната година. Финансиите на „старата дама“ не се во добра форма, па така и следното лето ќе продолжи политиката за заштеда, пренесува „Газета дело спорт“.

Тренерот Масимилијано Алегри и раководството на клубот се фокусирани на тројца фудбалери, Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, Марко Асенсио од Реал Мадрид и Кристијан Пулишиќ од Челси.


Јувентус често присегнува кон потпишување на слободни играчи, во последните години тоа не е ништо ново за клубот. И ова лето „бјанконерите“ со истата стратегија земаа двајца одлични играчи. Станува збор за Пол Погба и Анхел Ди Марија, но првиот се повреди и мораше да замине на операција.


Клубот ќе развие и повеќе свои играчи од школата, кои ќе добијат шанса да се наметнат во првиот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови