Connect with us

Јунајтед не застанува: Солскјер ги регрутира и Саул и Горецка

Манчестер Јунајтед тргнува по титулата во Премиер – лигата. По ангажманот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд и на Рафаел Варан од Реал Мадрид, менаџерот Оле Гунар Солскјер сака да го засили и средниот ред. Во случај да замине Пол Погба, кој има понуда од ПСЖ, „црвените ѓаволи“ би ги довеле Саул Нигез од Атлетико Мадрид и Леон Горецка од Баерн Минхен.

Агентите на Саул се веќе во Англија, но конкуренција на Манчестер Јунајтед му прави Ливерпул, кој исто така е заинтересиран за одличниот играч за врска на Атлетико Мадрид. Сепак, Јунајтед може да му понуди поголема плата.

Доколку замине Погба, Оле Гунар Солскјер е подготвен да плти 50 милиони евра за ангажманот на Леон Горецка. Тој влегува во последната година од договорот и со оглед дека не сака да потпише нов, Баерн Минхен на крајот би се сложил на негова продажба. Во спротивно, тој следното лето би тргнал по патот на Давид Алаба и како слободен агент би потпишал за Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови