Македонскиот дефанзивец Јован Манев ќе биде нов играч на Осијек. Тој треба да дојде на едногодишна позајмица, а потоа да биде комплетно откупен за сума од околу еден и пол милион евра.
Тоа ќе биде трет најголем дојдовен трансфер во историјата на Осијек. На прво место е купувањето на напаѓачот Рамон Миерез, за кого клубот плати два и пол милиони евра. На второ место е доаѓањето на Кристијан Ловриќ од Горица кој чинеше 2,25 милиони евра.
Манев (22) моментно е играч на Адана Демирспор, клуб од кој Осиек беше убедливо елиминиран во квалификациите за Конференциската лига. Претходно настапуваше за штипскиот прволигаш Брегалница.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski