Connect with us

Италија подобра од Унгарците, реми во Минхен (ВИДЕО)

Селекциите на Германија и на Англија ремизираа 1-1 на „Алијанц арена“ во Минхен во второто коло од Лигата на нации. Англичаните избегна пораз откако Хари Кејн погоди од пенал во 88.минута од дуелот.


Германија обезбеди водство со голот на Јонас Хофман во 50.минута. 

Италија ја победи Унгарија со 2-1. Николо Барела и Лоренцо Пелегрини донесоа предност од два гола за „аѕурите“ на полувремето, а Унгарија во вториот дел намали со автоголот на Џанлука Мансини во 61.минута. 

Во Лигата Ц, Турција ја декласира Литванија на гости со 0-6.   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови