Connect with us

Италија докажа дека е силна, падна Белгија во Минхен (ВИДЕО)

Италија е вториот полуфиналист на Европското првенство и си закажа дуел со Шпанија, откако вечерва во Минхен ја совлада Белгија со 2-1. Селекцијата на Роберто Манчини урива рекорди, достигнува нови височини и го брка трофејот на ЕВРО 2020.

Белгија е елиминирана, таа беше еден од фаворитите како прворангирана селекција на листата на ФИФА, но „аѕурите“ газат се пред себе и гледаат кон пехарот.

Николо Барела во 31.минута искористи едно невнимание и донесе водство за Италија, а на 2-0 зголеми Лоренцо Инсиње со прекрасен погодок во 44.минута.

Белгија не дозволи голема предност, Ромелу Лукаку од пенал намали на 2-1 во последните мигови од првото полувреме, а во второто полувреме имаше фантастична шанса и за израмнување. Сепак, италијанската одбрана спаси во последен момент и до крајот успеа да го задржи водството.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови