Connect with us

Има надеж за Барса: Доаѓа Чави, ама со него и Пујол

Чави Хернандез е само почеток, а Барселона подготвува многу поголема револуција. Според доверливи извори, Чави го сака Карлес Пујол покрај себе како поддршка.


Новиот тренер на Барса сака да внесе воинствен дух во тимот, а за тоа нема подобра личност од Пујол. Тој е дете на клубот, целата кариера ја помина во Барселона, но мораше да ја заврши во 2014 година поради бројните повреди.

Пујол будно ги следи случувањата во клубот, одби да биде дел од раководството на Хозеп Марија Бартомеу, но сега би можел да се предомисли.

Во Барселонаа сега се сите „негови“, Хоан Лапорта и тој имаа одличен однос, а за тандемот со Чави е излишно да се зборува.

Улогата на Пујол се уште не е дефинирана, но најважно е да биде дел од тимот на почетокот на новиот проект на Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови