Connect with us

Ибрахимовиќ се враќа на тренинзите на Милан

Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ треба да се приклучи на тренинзите на Милан од четврток. Тој се уште не е целосно опоравен од повредата на Ахиловата тетива, но верува дека би можел да биде во тимот следната недела на дуелот со Порто во Лигата на шампионите.


Искусниот напаѓач ќе го пропушти дуелот со Верона на „Сан Сиро“, но се очекува да биде во составот за важниот натпревар во групната фаза од Лигата на шампионите.

Швеѓанецот неодамна наполни 40 години и се уште нема намера да престане да игра, а во Милано со нетрпение очекуваат тој повторно да се врати на теренот. Ибрахимовиќ одигра само еден натпревар од почетокот на сезоната во Серија А, постигнувајќи гол за победа на Милан против Лацио на 12 септември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови