Дефанзивецот на Тотенхем, Емерсон Ројал бил цел на обид за вооружен грабеж, кој прераснал во престрелка во која била испалени 30-тина куршуми.
Според весникот „О Либерал“, Емерсон Ројал си заминал од ноќен клуб во неговиот роден град Сао Пауло околу 3 часот наутро, кога за среќа налетал со полицаец кој не бил на служба и побарал селфи со него, пред друг човек да дојде и да впери оружје во него.
Полицаецот реагирал и пукал кон крадецот, кој бил погоден во грбот и однесен во локалната болница. Емерсон бил на забава со неговото семејство кога се случил инцидентот.
Бразилецот пристигна во Тотенхем на последниот ден од минатогодишниот преоден рок од Барселона, потпишувајќи петгодишен договор со премиерлигашкиот клуб.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski