Connect with us

Хофенхајм го постави Брајтенрајтер за нов тренер

Андре Брајтенрајтер го напушти Цирих само неколку дена по освојувањето на титулата во швајцарската лига и се врати во Бундес – лигата за да ја преземе тренерската позиција во Хофенхајм.


Стратегот се согласи на двегодишен договор и ќе го замени Себастијан Хенес, кој доби отказ пред неколку дена.

46-годишниот Брајтенрајтер двапати ги доведе до промоција во елитата Падерборн и Хановер, а го предводеше и Шалке 04. Тој го презеде Цирих во 2019 година и имаше уште една година до крајот на договорот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови