Хрватскиот клуб Хајдук Сплит ги претстави Азер Омерагиќ и Леонид Игнатов како нови засилувања и инвестиција за иднината на клубот. Заедно со уште неколку млади фудбалери од регионот тие се приклучуваат на јуниорскиот тим на Хајдук, а ќе работат и со Б-тимот, чекајќи шанса да се наметнат за настап во сениорскиот погон.
Омерагиќ и Игнатов беа членови на Вардар и ова лето ја прифатија понудата на Хајдук Сплит. Тие се македонски репрезентативци во селекцијата до 19 години. Омерагиќ игра на позицијата централен напаѓач, додека Игнатов настапува на крилните позиции.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski