
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, смета дека на неговиот тим му треба совршен крај на сезоната доколку сака да собере доволно бодови за да биде крунисан како шампион.
„Се надевам дека нашето искуство во слични ситуации ни дава предност. Знаеме дека треба да победиме, да освоиме 12 бодови од преостанатите натпревари. Во спротивно ќе биде тешко бидејќи Арсенал е толку силен. Сѐ зависи од нас“, рече Гвардиола на прес-конференција пред натпреварот против Вулверхемптон.
Шпанецот му честиташе на Фил Фоден, кој беше избран за играч на сезоната од новинарите кои пишуваат за фудбалот во Англија.
„Честитки за него. Неговиот придонес е многу добар. Тој е позрел, ја разбира играта, а сѐ уште е толку млад. Може да се развива повеќе, сѐ зависи од него. Како менаџер, можам да предложам нешто што може да го подобри играч, но останатото зависи од него“, истакна Гвардиола.
Менаџерот на Манчестер Сити истакна дека Фил Фоден, Рубен Дијаш и Едерсон се враќаат од повреда и би можеле да играат против Волвс, а Ерлинг Халанд е подготвен да го започне мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
