Connect with us

Гвардиола: Каква сезона има Нејтан Аке!

Нејтан Аке беше можеби најимпресивниот играч во тимот на Пеп Гвардиола на синоќешниот дуел против Арсенал во ФА купот на Англија. Тој беше одличен во одбраната, а го постигна победничкиот гол (1-0) што ги исфрли „топчиите“ од натпреварувањето.


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардола, го пофали својот дефанзивец што го запре еден од најопасните играчи на „топчиите“, Бакајо Сака, и ја поздрави неговата упорност и покрај тоа што долго време беше во немилост.

„Каква сезона има Нејтан Аке. Тој го контролираше еден од најтешките противници во Премиер – лигата бидејќи Сака е во неверојатна форма. Тој е и извонреден човек, затоа што имаше период кога не играше и ниту еднаш не се пожали“, изјави Гвардиола.

Аке е редовен стартер за Манчестер Сити од рестартот на сезоната по Светското првенство во Катар, настапувајќи на девет од десетте натпревари што ги одигра тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови