Connect with us

Гвардиола би го довел Френки де Јонг на „Итихад“

Англискиот првак Манчестер Сити е заинтересиран да го ангажира фудбалерот за врска на Барселона, Френки де Јонг, објавија медиумите на Островот. Менаџерот Пеп Гвардиола би сакал да го има Холанѓанецот како засилување во средниот ред и подготвен е во летниот преоден рок да плати 75 милиони евра за да го доведе на „Итихад“.


Ветеранот Фернандињо најави дека ќе си замине од Манчестер Сити на крајот на сезоната и ќе се врати во Бразил, а Гвардиола во Френки де Јонг гледа негов одличен наследник.


Тој дојде во Барселона од Ајакс во 2019 година, но сега е на трансфер – листа со оглед дека на каталонскиот тим му се потребни финансиски средства.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови