Connect with us

Гроздановски: Можеме да ја изненадиме и силната Франција

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на тренинг центарот „Петар Милошевски” ги продолжува подготовките и по ремито со Украина (1-1), фокусот комплетно го насочува кон мечот со Франција во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во Романија и Грузија 2023 година.


Стрелецот на единствениот погодок на Македонија на средбата со Украина и еден од најдобрите поединци на тој меч, Томче Гроздановски е задоволен од играта на селекцијата особено во второто полувреме.

„Атмосферата во тимот е на високо ниво, тука во репрезентацијата сите фукнционираме како еден тим, тоа се гледа и на самите натпревари. Што се однесува до дуелот со Украина, одигравме квалитетен натпревар, особено во второто полувреме против силен противник со извонредно технички потковани играчи. Натпреварот го започнавме во грч, бевме повлечени, трчавме многу, но не успеавме да наметнеме своја игра, ја препуштивме иницијативата на противникот. Но, во вториот дуел одигравме многу послободно, агресивно и отворено, а на крајот имавме можност и да ги освоиме трите бода, но немавме среќа. Мислите комплетно ги насочивме кон дуелот со Франција, селекција која е топ фаворит во групата. Верувам во моите соиграчи и во оваа репрезентација, доколку одиграме онака како што од нас очекува селекторот, верувам дека можеме да ја изненадиме и Франција. Овој тим има квалитетни фудбалери и поседува голем потенцијал”, изјави Томче Гроздановски.

Избраниците на селекторот Драган Канатларовски на 15. ноември (вторник) на Националната арена „Тодор Проески” ja пречекуваат селекцијата на Франција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови